Независни експерти на одборот на СЗО во соопштение објавено по средбата во четвртокот се повикаа на ограничените докази за тоа дали го намалува вакцинирањето против ковид-19 ширењето на заразата, како и на „нееднаквоста во светската дистрибуција на вакцините“, пренесува Ројтерс.
Одборот затоа им препорача на државите да имаат превид дека доказот за вакцинирање ја продлабочува нееднаквоста и нерамноправната слобода на движење.
До сличен заклучок минатата недела дојдоа и амбасадорите на земјите членки на ЕУ.
Во договорениот заеднички став, кој ќе биде основа за преговорите со Европскиот парламент, потврдите за вакцинирање не може да бидат услов за слободно движење, со што се истакнува принципот на недискриминација кон лицата кои не се вакцинирани.
Европскиот парламент, второто законодавно тело во ЕУ, треба да го договори својот став во текот на овој месец, по што ќе може да почне разговори со Советот на ЕУ. Се очекува уредбата да биде усвоена до крајот на јуни.
Европската комисија на средината на март предложи воведување дигитална зелена потврда, односно ковид-пасош за слободно движење во ЕУ за време на пандемијата, која би претставувала доказ за вакцинирање, за негативен тест или за оздравување од болеста.
Comments are closed for this post.