Основниот кривичен суд во Скопје го прифати предлогот на Јавното обвинителство и на останатите две лица опфатени со истрагата за набавка на софтвер, им определи мерки на претпазливост.
Од судот информираат дека денеска двете лица биле повикани пред судија на претходна постапка при Кривичниот суд, да се прoизнесат во однос на предлогот.
– По нивно сослушување како и ценење на предлогот, судијата на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осомничените им определи мерки на претпазливост согласно член 146 ст.1 т. 1, 2, 3 и 7 односно, Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска за јавување пред службено лице во судот или друг надлежен орган, Повремено одземање на патната исправа и забрана за издавање на нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница и Забрана за преземање работни активности поврзани со кривичното дело, се вели во соопштението до Основниот кривичен суд Скопје.
Против овие решенија, од Основниот кривчен суд укажуваат, дека странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
Comments are closed for this post.