Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за целиот случај поврзан со извадавање на пасоши на терористи од страна на Зоран Заев и Оливер Спасовски.
-Многу работи се споменаа во изминатиот период и скоро да не остане нешто и да не е кажано, факт е дека оваа состојба односно оваа ситуација поврзана со извадавањето на пасоши на терористи од ИСИС или на наркобосови од светски ранк дефинитивно влијаат и на меѓународниот углед на Република Македонија, овде пред се мислам и во нашите односи и со НАТО и со ЕУ. Верувам дека веќе НАТО нема за жал да не третира како сериозен партнер и можно е и одреден дел од информациите да кажеме класифицирани со кои што би требало да бидат споделувани со нас да бидеме заобиколувани од тие работи. Понатаму поврзано со меѓународната репутација на државата се плашам дека можеме да бидеме и брендирани како држава спонзор на тероризмот, знаете да извадавате пасоши на лица од таков калибар, тоа е неверојатно, тоа е страшна работа. Од друга страна мислам дека се задирнува и во човековите права, еве да се ставиме во улога на патници, македонски државјани кои што патуваат во странство, ако досега имаше една лента за европјани односно жители на Европската Унија, а другата лента беше за сите останати верувам дека сега на крајот на таа линија на сите останати ќе бидеме ние како Македонци и би рекол дека на некој начин нашите права би биле ограничени, рече Ковачки во своето гостување.
Понатаму тој во своето гостувањево врска со целиот овој случај посочи дека Оливер Спасовски веднаш треба да си поднесе оставка и да дозволи една независна истрага и да се утврди што конкретно се случувало во овој период.
-Многу е сериозна работата. Државата односно власта не приоѓа на овој случај на начин на кој што треба да се пријде, што би требало конкретно да се направи овде. На пример министерот за внатрешни работи кој е директно засегнат со ова состојба според мене би требало веднаш да поднесе неотповликлива оставка и да дозволи една независна истрага, да утврди што конкретно се случувало во овој период. Вие не можете да издавате пасоши на атентатори, да правите кривично дело свесно, тоа е неверојатно. Јас не можам да го разберам тоа и за тоа тоа нема оправдување, додаде Ковачки.
Comments are closed for this post.