Ресул Лога и Ардијан Амзовски од градежната фирма „Дрим билдинг“, на Бојан Јовановски му искеширале 350.000 евра. Парите му ги дале за изградба на домови за возрасни лица, а им било ветувано државно земјиште во општина Карпош.
На денешното сведочење, тие рекоа дека уплатиле и 260.000 евра на сметката на координаторката на проектот, Јасна Мандиќ. И Лога и Амзовски верувале во проектот, но, потоа сфатиле дека се измамени.
„Довербата ја стекнавме дека имаше и луѓе од владата, како Фросина Ременски, на состаноците повремено присуствуваше и Александар Кирацовски и кога тие ги гледате имате доверба дека проектот ќе се реализира“, рече Ресул Лога, сведок.
Comments are closed for this post.