Помина уште еден ден, и повторно молк од Спасовски и МВР за прашањата поврзани со картелот Заеви и шверцот на дрога.
Картелот Заеви ја направија Македонија дувло на криминал. Дрога се произведува, се шверцува низ цела држава, а Заев безгрижно си вози мотори низ Македонија.
Уапсени се командирот на полициска станица Прилеп кој е директно поставен од Оливер Спасовски и шоферот на братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев, а Зоран Заев избегнува да одговори која е неговата вмешаност и која е вмешаноста на фамилијата Заеви во овој криминал.
Вчера конечно се огласи братучедот на Заев, Трајче Заев кој потврди дека се наоѓа во Дубаи, но сеуште нема одговори на клучните прашања.
Дали Александар Ушилковски кој е уапсен во акцијата, која беше спроведена од ДЕА, е личен шофер, токму на Трајче Заев?Дали комбето со грчки регистарски таблички, во кој е пронајдена дрогата во вредност од над 800 илјади евра, е на фирма која е партнер на фирмата на Заеви? Токму од таа фирма од каде тргнала пратката која е запленета при оваа акција, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Истото така нема одговор за сопственоста на фирмата „Медикал 420″, која е вмешана во овој криминал.
Колку илјадници килограми марихуана изминативе години се шверцувани и пуштени во оптек од плантажите со марихуана, од кои голем број на лиценци кои беа издадени се поврзани токму со фамилијата Заеви и блиски соработници на власта?
За сите криминали на власта и картелот на Заеви ќе има одговорност. За многу скоро власта ќе биде одземена од рацете на мафијата и ќе биде вратена во рацете на граѓаните.
Comments are closed for this post.