Спасовски и Чулев кај Русковска кажувале што знаат за софтверот на Рашковски

10.04.2021 / 18:32


Спасовски бил на распит како сведок во средата, кога давал исказ дека МВР нема потреба за софвтерот купен од Рашковски, бидејќи сметала дека користењето на „сејф сити“ системот за сообраќајни прекршоци е спротивен на законската заштита на лични податоци. „Сејф сити“ се користел само при кривични истраги, па поради тоа немало одлука за набавка, ниту потреба од софтверот смислен и купен од ист човек, поранешниот генсек на владата Драги Рашковски.

Исказот, Спасовски го давал пред обвинителката Вилма Русковска затоа што надлежната во предметот обвинителка Ивана Трајковска имала други тековни обврски. Пред Русковска како сведок во четвртокот седнал и екс министерот Наќе Чулев и ги кажал своите сознанија од неговиот мандат, односно дека немал информации за набавката на Раковски.

Поранешниот генерален секретар кој сега има секретарско место во кабинетот на премиерот Заев не е повикан на распит, но редовно си оди на работата на Илинденска после двонеделниот одмор во Мексико. За распит нема покана ниту сопственикот на фирмата Инвока груп во чии простории вчера полицијата вршеше претрес и одзеде документација, но и компјутери и телефони. Во тек е вештачење на одземените предмети, а претходно владата ги предала сите документи поврзани со спорната набавка на софтвер од 81 илјада евра.

 

Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Стефановски: САД нема да излезат од НАТО, но очекувам да замрзнат дел од финансиите

пред 2 часа
Македонија

Си поднесе оставка: Ленче Ристовска веќе не е обвинител

пред 3 часа
Македонија

Дали Дака му дал 300.000 евра на Заев а тој ги искористил за промоција на референдумот за името?

пред 4 часа
Македонија

Мицкоски: Само дома си е дома

пред 6 часа
Македонија

Мицкоски: Македонскиот идентитет нема повеќе да биде распродаван

пред 1 ден
Македонија

„5 минути со Чавез“: Ни бившиот на Драгана Мирковиќ не му го крена рејтингот на Филипче

пред 1 ден
Македонија

Паѓа ли Законот за јазици на Уставен?

пред 2 дена
Македонија

Савески ќе ги повлече сите овласувања на обвинителствата освен за Кочани, Крива Паланка и Ресен

пред 2 дена
Македонија

Во СДСМ страдале од преработеност од седење по кафани на „Боемска“ (ВИДЕО)

пред 2 дена
Македонија

Сиљановска-Давкова: Ако гледаме низ призма на скрининг и реформи, би требало многу бргу да станеме членка на ЕУ

пред 2 дена
gamdomCasibomJojobet Girişmarsbahis girişGrandpashabet Giriş