Повеќе од половина од населението во Германија е подготвено да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус „Спутник V“, пренесува весникот „Ханделсблат“, повикувајќи се на истражување на агенцијата „Југов“.
Според истражувањето, 55% од испитаниците изразиле подготвеност да се вакцинираат со руската вакцина кога ќе регистрирана во Европската унија. Други 19 проценти рекле дека ќе ја отфрлат таквата можност, 14 проценти биле неопределени, а 12 проценти рекле дека генерално не сакаат да се вакцинираат. При тоа, во весникот не се дадени детали за бројот на учесници во истражувањето и времето на неговото спроведување.
Во средата, баварското Министерство за здравство потпиша меморандум за намери со Рускиот фонд за директни инвестиции за можни испораки на вакцината Спутник V во овој германски регион. Според зборовите на баварскиот премиер Маркус Зодер, доколку вакцината е регистрирана, Баварија во јули може да добие до 2,5 милиони дози. За една година, во Баварија може да започне производството на вакцината во фабриката „Р-Фарм Германија“, рекол министерот за здравство, Клаус Холетчек.
После тоа, неколку други сојузни држави изразиле подготвеност да ја набават руската вакцина. Мекленбург-Западна Померанија и Бранденбург најавија подготвеност да започнат преговори со Москва за набавка и производство на вакцини, а во Рајна-Фалз сметаат дека сојузната влада треба да се занимава со тоа, но забележуваат дека би биле задоволни доколку ЕМА ја одобри „Спутник V“.
Comments are closed for this post.