Откако се откри дека водачот на Шкаљарскиот клан Јовица Вукотиќ добил македонски пасош, како и турскиот криминалец Седат Пекер, денеска потпретседателот Александар Николоски откри нова афера.
Тој покажа документи дека атентаторот на соперничкиот Кавачки клан, Стефан Ѓукиќ има македонски пасош на име Каче Герги.
Ѓукиќ на 29 јануари 2019 година се сликал за македонска патна исправа и потоа оди во Украина каде е фатен во обид да изврши атентат
Човек што медиумите го условуваат како платен убиец на Кавачкиот клан имал македонски пасош издаден од МВР.Вистинското прашање е зошто овие пасоши, дел издадени уште во 2017 година беа премолчувани од страна на власта се до отворањето на аферата „Мафија“ од страна на ВМРО-ДПМНЕ.Зошто кога Јован Вукотиќ бил осуден во Белград за поседување на македонски пасош со лажен идентитет МВР не реагирало-рече Николоски.
Comments are closed for this post.