позициската ВМРО-ДПМНЕ го обвини министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, дека пушта лажни вести откако тој во „Утрински брифинг“ изјави дека Христијан Мицкоски имал секојдневни контакти со еден од уапсените во аферата со пасошите.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, партискиот потпретседател Александар Николоски рече дека единствениот со кој контактирал Мицкоски, а кој можеби е поврзан со случајот е премиерот Зоран Заев.

„Ова се смешни работи, СДСМ неколку дена пласира целосни лажни вести, класични ’фејк њус‘, ги растура пердувите со цел на тој начин да ја скрие сопствената одговорност мислејќи дека ќе ја дефокусира јавноста. Единствен со кого Мицкоски имал контакт изминатиот период, а кој можеби е поврзан со овие работи, е Зоран Заев со кого имаа лидерска средба“, рече Николоски.

 

Спасовски сопшти дека Мицкоски имал контакти со еден од уапсените од МВР одговарајќи на прашање, зошто ја обвинува опозицијата дека правела опструкции на акцијата. Тој рече и дека веројатно на таков начин опозициската партија ги добива дел од документите кои презентира во јавност.