Белата куќа соопшти дека нема да им ги наметнува „здравствените пасоши“ на Американците како потврда дека се вакцинирани против Ковид-19.
-Владата не поддржува и нема да поддржи систем што бара Американците да го имаат тој сертификат, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
„Нема да има база на податоци за федерални вакцинирања, ниту каква било федерална обврска што бара сите да добијат потврда за тоа“, додаде таа.
-Најголем интерес за оваа идеја има кај приватните компании, кои сакаат да ги отворат местата каде се собираат голем број луѓе, како стадионите или театрите, рече портпаролката.
Администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе објави „совети, со важните одговори на прашањата што ги поставуваат Американците, особено за личните податоци, безбедноста или дискриминацијата во врска со ова“.
-Интересот на федералната влада е едноставен: личните податоци и правата на Американците мора да бидат заштитени и затоа овие системи нема да се користат неправедно против луѓето, рече Псаки.
Неколку земји воведоа или планираат да воведат „здравствен пасош“, што треба да покаже дека индивидуата е вакцинирана против Ковид-19. Тие веруваат дека ова ќе го олесни повторното организирање на големи собири и патувања.
Идејата, сепак, предизвика силна критика и загриженост за можна дискриминација и заштита на приватните податоци.
Comments are closed for this post.