Основното јавно обвинителство ќе поведе истрага против претседателот Ѓорѓе Иванов .
Обвинителството информира дека постапувајќи по две анонимни кривични пријави во врска со непотпишувањето на Законот за јазиците и Договорот од Преспа, постапува во предистражна постапка, во насока на проверка на наводите во пријавите.
Со таа цел веќе се побарани податоци и информации од Собранието на Македонија и од Кабинетот на претседателот за тоа кога се донесени одлуките во законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на претседателот, велат од ОЈО.
Comments are closed for this post.