Монографска изложба „Помеѓу зборот и сонот“ од академската сликарка Наташа Андонова вечер во 19 часот ќе биде претставена во изложбениот салон на МКЦ-Скопје.
Настанот, што го организираат Музеј на град Скопје и Град Скопје, е во рамките на циклусот Калеидоскоп од КреАрт проектот.
-На изложбата ќе бидат претставени илустрации за детски бајки и приказни, каде Наташа оттргнувајќи ги од светот на фантазијата создава нови визуелни приказни во кои волшебно ги разигрува мноштвото нејзини јунаци, информираат организаторите.
Comments are closed for this post.