Чедомир Јовановиќ кој беше главен преговарач во предавањето на Слободан Милошевиќ требало да биде киднапиран во вилата мир во 2001 година, пишува „Курир.рс“.
Јовановиќ влегол во куќата заедно со Легија за да го натера Милошевиќ да се предаде. Во тој момент шефот на обезбедувањето на Милошевиќ, Синиша Вучениќ му предложил да го киднапираат.
Ајде да го земеме Чеда за заложник нека види како се живее без струја и вода да да види како е. Тогаш вие ќе бидете заложеник на нивниот договор со Стејт Департментот за парите кои ги зеле за да ве испорачаат во Хаг-рекол Вучениќ.
Но, Слобо не сакал такво нешто и мислел да оди по мирен пат.
Јовановиќ е еден од најконтроверзните политичари од тоа време со врски со Земунскиот клан.
Тој пред две години требаше да биде советник на Заев но премиерот под притисок на јавноста се откажа од намерата.
Comments are closed for this post.