Новинарот Антон Серечи почина на 74-годишна возраст. Серечи бил хоспитализиран извесно време на Инфективната клиника во Скопје, поради ковид-19.
Антон Марку Серечи е роден на 22 декември 1947 година. Се школувал во Скопје каде го поминал целиот свој живот. Својата радио кариера ја започна во 1971 година како соработник во спортската редакција на Радио Скопје. Со своите емисии тој придонесе за афирмација на спорт и спортисти во Македонија и пошироко. Во текот на 1995-1997 година Серечи бил главен уредник на Радио Скопје, додека во периодот 1991-2002 година бил директор на втората програма на Македонско радио.
Антон Серечи беше еден од најпознатите достојни претставници на католичката заедница во Скопје, каде даде голем придонес во афирмацијата на оваа заедница и упорно се бореше за афирмација на ликот и делото на Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза.
Серечи бил хроничар за животот и делото на Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза, како и симбол на албанските католици од Скопје.
Comments are closed for this post.