Почна вакцинацијата на постарите граѓани од онаа критична категорија според Националната стратегија за вакцинација. Вакцинацијата почна во најголем број од градовите, а во останатите, односно во помалите градови во здравствените домови ќе започне во петок. Нашите информации се дека досега целокупниот процес се одвива добро. Нема некакви проблеми. Јасно се одбележани местата каде е пријавата, каде се пополнуваат документите, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“, каде се одвива вакцинацијата на граѓани над 77-години.
Во овој пункт во поликлиниката, посочи министерот, имаме два дела – еден за вакцинација на постарите граѓани и еден пункт каде се одвива ревакцината на здравствените работници со вакцината на „Спутник“.
Посочи дека 20 000 вакцини веќе се поделени согласно пријавените нешто под 20 000 граѓани ширум државата кои изразиле волја да ја примат оваа вакцина.
Comments are closed for this post.