Во наредните денови ќе работиме интензивно за да постигнеме трајно решение во врска со прашањето за државјанството. На овој начин, сите ќе потврдиме дека сме за трајно решение, во согласност со европските регулативи за државјанство, рече премиерот Заев по средбата со претставници од коалицијата АА-А, во врска со законот за државјанство.
„Верувам дека во следните неколку дена интензивно ќе работата службите, за да ги разгледа сите предлози од двете опозициски партии, но очекувам да ги согледаат и сите аргументации дадени од министрите. Така сите ќе потврдиме дека сме за трајно решавање за оние наши граѓани кои немаат државјанство да го добијат, а притоа тоа да биде согласно европските конвенции за државјанство, меѓународната регулатива за државјанство..“, рече Заев.
Comments are closed for this post.