Речиси четири месеци 63-годишната Јоан Солер Сендра минала на одделение за интензивна нега. Со коронавирус се заразила во ноември минатата година, а поради тешката здравствена состојба завршила во болница на респиратор.
Откако била тргната од респиратор и почнала самостојно да диши, персоналот на болницата ја извел на терапија на сонце и море во близина на болницата дел Мар во Барселона. Така можела да го види и своето семејство.
Нејзиниот брат за “Reuters” рекол дека оваа постапка на болничкиот персонал ќе го зголеми моралот на неговата сестра која се бори со оваа тешка болест.
Доктор Андреа Кастелви, шефица на одделението за интензивна нега, рекла дека со изведување на пациентката на сонце, покрај море, сака да и даде дополнителна сила за борба со болеста, пишува “Reuters”. По 114 дена во болница поради тежок ковид, извеле пациентка до плажа.
Comments are closed for this post.