Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, кој одвои дел од своето богатство за борба против коронавирусот, смета дека светот треба да се врати во нормала до крајот на 2022 година благодарение на вакцините.
Ова е неверојатна трагедија. Единствената добра вест е што има пристап до вакцини, вели Гејтс во интервју за полските медиуми, пренесува „Ројтерс“.
Милијардерот кој се повлече од раководната позиција во „Мајкрософт“ во 2014 година, преку својата фондација одвои 1,75 милијарди долари за борбата против ковид-19, кои меѓудругото, беа користени за поддршка на некои научници кои работеа на откривањето на вакцина и потенцијални третмани за заболените од коронавирусот.
Comments are closed for this post.