Самите политики, самите мерки се толку мали, толку минорни, тоа е само сламка од илјадниците делови кои би значеле целосна економија, оцени Горан Рафајловски во вечерашното гостување на „Топ Тема“ за владините мерки за помош на стопанството.
Економијата на светско ниво е сериозно поразена, а во Македонија е во слободен пад. Вие освен неколку типови на услуги од типот на телекомуникации, банки, фармацевстска индустрија и нешто малку прехрана, сите останати, а тоа не е мал број, се во слободен пад. Никој од нас не гледа светлина на крајот од тунелот, бидејки и не знаеме дали сме во тунел иако е се околу нас темно, и немаме никаква можност да го поправиме стопанството или пак нашето работење. Падот од 40-тина проценти што се случува во најголемиот број на компании за една година, оваа година може да биде дури и поголем, рече Рафајловски.
Тој вели дека до сега не видовме ниту една мерка со која ќе имаме можност после пандемиајта да излеземе ако не посилни, барем спремни да се бориме воопшто за пазарот.
Не што не видов ниту една таква мерка, туку и оние ситни мерки не се во можност да ги исполнат. И ова собрание! Го повикувам неговиот претседател Талат Џафери да не заборава дека 6 или 8 месеци читаше поезија на собраниска комисија, да разбере дека треба да седне со сите пратеници да разговара и под итно да се донесе екпертска влада, која ќе биде одобрена од сите политички партии, да Ѝ се даде некој разумен рок во кој што може да ги спроведе политиките, каде што политиките ќе бидат излгасани без никаков проблем, бидејќи нема да бидат партиски повлечени и нема да имаме партиски препукувања. Ќе го застанеме театарот, вели Рафајловски.
Само со покажување на таква државнотворност, оценува тој, политичарите ќе заслужат и понатаму да се борат на политичката сцена и да останат на политичката сцена во Македонија.
Comments are closed for this post.