Унгарската економија не може да се отвори сè додека не се вакцинираат сите граѓани постари од 65 години кои поднеле барање за вакцина, изјави премиерот Виктор Орбан.
Досега 1,6 милион луѓе се вакцинирани во Унгарија, од кои 481.820 ја примиле втората доза.
Во последните 24 часа 252 пациенти починале од последиците на коронавирусот, додека бројот на новозаболени е 5.481, објави МТИ.
Comments are closed for this post.