Тие го вперија прстот во директорот Благоја Атанасоски.Бараат тој да го врати нивниот колега на работа.

Како што велат човекот со 18 години работен стаж го загуби своето работно место поради 20 дневно отсуство лани поради тоа што бил болен од ковид 19.

За болеста Цветкоски преку СМС порака го известил директорот, а од него добил одговор дека нема проблеми, и дека е битно неговото и здравјето на неговото семејство, и дека отсуството ќе биде регулирано со денови од годишен одмор.

Но,откако Цветкоски се вратил на работа директорот формирал дисциплинска комисија,дадено му е отказно решение. А истото е потврдено од не соодветен управен одбор велат вработените.

Од 32 вработени над дваесетина тврдат дека се обиделе да го спасат нивниот колега но и нарушениот углед на установата и да стават крај на мобингот со разговори во колективот.

Помош побарале и од надлежните државни институции од локалните власти, и од првите луѓе на прилепскиот огранок на владеачката партија.

Директорот Атанасоски јавно не сака да зборува за ова.Преку електронска пошта одговори дека случајот со избрканиот работник поради повреда на работен ред и дисциплина ќе биде предмет на судска постапка.. А по однос на другите забелешки од вработените тоа е прашање за Министерството за култура.

 

извор: Канал 5