Франција денеска имала скоро 30.000 случаи на нови инфекции, 4,5 проценти повеќе од минатиот вторник и најбрз неделен раст за месец и половина.
Во моментов има 4.239 пациенти на интензивна нега, 20 повеќе од вчера, што е рекорд во изминатите четири месеци. Починале 91170 луѓе.
Сè поголем број нови случаи, создаваат зголемен притисок врз здравствениот систем, а некои експерти тврдат дека ова може да се запре само со ново општо затворање.
Како и другите земји на Европската унија, Франција е далеку зад лидерите по бројот на вакцинирани, земји како САД, Велика Британија или Израел.
Францускиот претседател Емануел Макрон сè уште се надева дека ќе ги забрза вакцинациите на населението за да се избегне третото затворање на државно ниво, но привремената суспензија на вакцинациите со АстраЗенека може да ја загрози неговата стратегија, пренесува Ројтерс.
Франција, како и голем број европски земји, како што се Италија и Германија, престана да вакцинира со „АстраЗенека“ поради голем број случаи на тромбоза кај луѓето кои ја примиле вакцината.
Кастекс денеска соопшти дека планира да се вакцинира со AstraZeneca кога Европската агенција за лекови ќе потврди дека е безбедна.
Comments are closed for this post.