Тркалезна маса на тема: Конески – мостот што ги поврзува македонските и руските слависти ќе се организира на 18 март со почеток во 12 часот на платформата Zoom. Иницијативата за неа потекнува од рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.
Трибината е во рамките на програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ а во чест на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески. Дискусијата ќе се одвива низ призмата на македонско-руските јазични, литературни и културни врски, а работни јазици се рускиот и македонскиот.
Двете клучни теми се: Конески мостот што ги поврзува македонските и руските слависти и перспективите и предизвиците на славистиката во 21 век.
Comments are closed for this post.