Премиерот на кантонот Сараево, Един Форто, предупреди денеска дека Сараево е најголемото жариште во Европа и го спореди тој град со сценариото на италијанскиот град Бергамо.
На вонредната седница на кантонскиот парламент, чија агенда ја вклучила епидемиолошката состојба и набавката на вакцини, Форто рекол дека сценариото на Бергамо не мора повеќе да чека, бидејќи Сараевскиот кантон веќе е во него.
Повеќе не го чекаме сценариото од Бергамо, ние сме Бергамо (град во Италија – најголемото жариште на коронавирус за време на минатогодишниот прв бран на пандемијата), рече Форто.
Comments are closed for this post.