Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера остварил средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во нашата земја Кејт Брнз, на која разговарале за неодамна усвоениот владин План за борба против корупцијата. Ова нивна средба доааѓа само еден ден по скандалот со набавката на кинеските вакцини.
Како што соопшти владината прес-служба, во таа насока премиерот Заев истакнал дека Владата е целосно посветена на неговото спроведување како системски организиран процес за зајакнување на капацитетите и за синхронизирање на активностите на институциите за бескомпромисна борба против корупцијата, непотизмот, судирот на интереси и злоупотреби на позициите, а амбасадорката ги поздрави ваквите напори
Comments are closed for this post.