На предлог на Комисијата за заразни болести со цел да се спречи натамошен пораст на бројките на заболени и хоспитализирани од КОВИД-19 Владата одлучи од денеска до 22 март биде воведен полициски час што ќе трае од 22 часот вечерта до 05 часот наутро, а движењето во време на ограничувањето ќе биде можно само со дозволи.
Дозволите за движење во време на полициски час што минатата година ги издаде Министерството за информатичко општество и администрација ќе важат и за време на ограниченото движење на граѓаните од утре до 22 март. На оние кои ги изгубиле дозволите МИОА ќе им преиздаде нови. Во однос на издавањето дозволи поврзани со работата на економските оператори по 22 часот задолжени се самите фирми, како што било случај минатата година.
Тие пополнуваат образец објавен на веб-порталот www.uslugi.gov.mk и за тоа се задолжени самите одговорни лица во компаниите со сите потадоци, исто како и минатата година. Oткако ќе го пополнат овој обрзаец тој станува валиден и со него овие работници пред било која полициска контрола можат да докажат дека во времето кога трае ограничувањето на движењето извруваат работни задачи. Компаниите, потенцира тој, на некој начин со аплицирањето на тие обрасци гарантираат дека одговараат конкретно за тие лица оти се во работен процес во период додека трае забраната за движење.
Отстапки од забраната ќе има и за сите граѓани кои за време на забраната за движење имаат потреба од итна медицинска грижа и за слободно движење оваа потреба ќе треба да ја најават на службата 192 на телефонот на Министерството за внатрешни работи.
Одлуката за забрана за движење не важи за патниците што доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, кои за време на полицискиот час како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти. Оваа отстапка е иста и за патниците во меѓународниот превоз на патници.
За транспортерите на лица и на стока како дозвола ќе се прифаќа патниот налог, додека транспортерите што транзитираат ќе имаат обврска најмногу за 3 часа да ја напуштат земјата од еден на друг граничен премин.
Надлежните служби на граничните премини ќе ги пропуштат патниците кои со лични возила ја напуштиле земјата пред воведувањето полициски час, при што ќе се спроведуваат и до сега активните мерки за задолжителен ПЦР тест за оние што доаѓаат од оние земји за кои оваа постапка е задолжителна, образложи Спасовски.
Најавени се засилени контроли од страна на МВР и на сите соодветни инспекциски служби затоа што, како што рече вчера премиерот Зоран Заев, очигледно граѓаните се опуштиле во делот на носење маска, дезинфекција, негрупирање, а бројот заразени граѓани алармира дека итно мора да се преземе ништо.
Во насока на заштита е и одлуката на Владата сите домашни и странски физички лица, патници од земјите од Афричкиот континент, кои влегуваат на граничните премини на територијата на Македонија, задолжително ќе се упатуваат во 14 дневна домашна изолација (карантин). За сите видови групни или индивидуални патувања, патниците од земјите од Африка кои транзитираат низ територијата на Македонија, задолжително ќе биде потпишувањето на Изјава за транзитирање. Донесени се и мерки за задолжителен домашен карантин на странски и наши граѓани кои се враќаат од Африка, да се обезбеди соодветен објект за државен карантин.
Од Владата најавија дека ќе ја следат состојбата и оти следните мерки ќе бидат носени согласно тоа како таа ќе се развива.
Првите мерки за заштита од коронавирусот беа донесени пред точно една година. На 10 март беше донесена одлука да се прекине со воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, основни и средни училишта и високо – образовни установи и во јавните научни институти на територијата на Македонија, прво во траење од 14 дена, но потоа времетраењето беше продолжено. Беа прекинати и сите воншколски или дополнителни програми како што се курсеви за странски јазици и слично.
За спроведување на оваа мерка еден од родителите на децата до 10 години, што беа ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, беа ослободени и од обврската да ги извршуваат работните обврски. Од работни обврски беа ослободени и бремените жени и хроничните болни лица.
Меѓудругото, беа забранети масовни собири и настани на отворен и затворен простор, а беше забрането и присуство на гледачи (публика) на сите спортски настани.
Воведена беше задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави, а забранет беше извоз на медицинска опрема и медицински средства и материјали од страна на економските оператори и производители. Се препорачуваше избегнување на патување во земји кои се од висок и среден ризик.
Одлуката за првиот полициски час беше донесена на 21 март лани, а почна да важи од следниот ден на 22 март и тоа во период од 21 навечер до 6 часот наутро секој ден. На 25 март лани беше донесена првата одлука за забрана на движењето на сите граѓани за време на викендот (сабота и недела) од 16 часот до 5 часот.
Comments are closed for this post.