Се сеќава некој на планот „3-6-9“? Помпезно најавуван пред две години кога првпат стана јасно дека од датум за преговори нема ништо.

Тогашниот вицепремиер за евроинтеграции Бујар Османи планот го нарече патоказ со кое темпо ќе се спроведуваат реформите кои само требаше да ни го олеснат патот кога и формално ќе почнеме преговори.Оттогаш до сега не се видоа ни преговори ни реформи.

Вчера премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Никола Димитров се сетија дека планот „3-6-9“ може да продолжи под ново име. Тој сега е наречен „Европа дома“.

Овој проект според зборовите на Заев и Димитров треба да биде со  со јасни задачи и рокови за сите институции во системот во насока на обезбедување фокус и отчетност на реформските чекори за 2021 година, а со цел европеизација на општеството.

-Не чека многу работа, но и јас, и СЕП и Владата, сме подготвени да ги впрегнеме институциите и да ги разбиеме митовите дека стартегии и планови се прават само тогаш кога се сака да се избега  од вистинска работа. Целта ни е да обезбедиме фокус, следливост и отчетност во реформските чекори за да има видливи конкретни резултати, рече Димитров.

Се поставува прашањето кој и пречеше на триото Заев, Димитров и Османи четири години да ги спроведат реформите? Ветото од Бугарија им дојде како добар изговор, а датум за преговори веќе и онака никој не споменува!