Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку Фејсбук информираше за неговата здравствена состојба откако пред речиси две недели доби позитивен тест на коронавирус.

Мицкоски се заблагодари на целиот медицински персонал на Инфективната клиника и порача дека наскоро ќе започне маката на Владата поради нивната неодговорност.

13 ден откако сум ковид позитивен. Поминав исклучително тешки 12 дена, велат излегувам од т.н., цитокинска бура, интерлеукин 6 се намалувал. Денес ми е прво утро без покачена температура, подобро се чувствувам. Ова што јас го преживувам не сакам да биде ничија реалност, бидејќи вирусов е страшен. Сакам да упатам јавна благодарност до целиот медицински персонал на Инфективна клиника во Скопје. Секој од нив е вистински борец и нивната посветеност и пожртвуваност не се опишува со зборови. Жално и трагично е што сѐ уште не е започнат процесот на вакцинација бидејќи без тоа нема решение, а очигледно за него ќе чекаме уште многу. Ќе помине и мојата здравствена мака, ама ќе започне маката на Владата заради оваа неодговорност и неспособност за набавка на вакцини. Не е време за циркус со шпиунски игри, треба сериозни луѓе на вистински места што знаат како. Ако на времето беше смешно кога ќе слушневме дека блескаме, денес е трагично бидејќи блескаме поради срамот, простотилукот, неспособноста на власта. Доаѓа денот за одговорност.
#ИднинатаЕНаша
#МакедонскаПролет, напиша на Фејсбук, Мицкоски.

13 ден откако сум ковид позитивен. Поминав исклучително тешки 12 дена, велат излегувам од т.н., цитокинска бура,…

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, March 9, 2021