Министерот за здравство на Австрија, Рудолф Аншобер, по повод зголемениот број новозаразени и сѐ повеќе случаи на нови видови, предупреди на опасноста од пандемија во пандемија.
За само неколку недели, британскиот вид стана доминантен во Австрија, бидејќи го потисна претходниот вид, кој во петтата недела од оваа година „држеше“ удел од 61,5 проценти, а во осмата недела „само“ 36,3 проценти.
Во меѓувреме, британскиот вид е причина за заболувања од коронавирус во 58,4 проценти од случаите во Австрија.
„За Австрија, доминантноста на британскиот вид не е добра вест. Тој е позаразен од основниот вирус, и тоа, во Австрија, за 23 проценти“, нагласи тој.
Аншобер истакна дека сега е важно да се почитуваат мерките за да, и покрај доминацијата на британскиот вид, се помине добро низ кризата до Велигден.
„По Велигден ќе биде полесно, бидејќи поради повисоките температури, граѓаните ќе поминуваат помалку време во затворени простории, а ќе се постигне и поголема стапка на вакцинација на населението“, објасни тој.
Comments are closed for this post.