Претставник на индонезиската Агенција за спасување, Бамбанг Сурјо, изјави дека нема да има преживеани лица откако авион на компанијата „Лајон ер“ утрово се урна во море набрзо по полетувањето од Џакарта.
Предвидувам дека нема да има преживеани – истакна Сурјо, додавајќи дека се уште не е пронајден трупот на авионот.
Претходно, индонезиските власти соопштија дека пронашле остатоци од авионот, елечиња за спасување и мобилни телефони во водата на две наутички милји од координатите на коишто беше забележано уривањето. На местото има и голема дамка од нафта, за која се претпоставува дека е гориво од урнатиот авион.
Serpihan pesawat Lion Air JT 610 yang jatuh di perairan Karawang. Beberapa kapal tug boad membantu menangani evakuasi. Video diambil petugas tug boad yang ada di perairan Karawang. pic.twitter.com/4GhKcRYkpG
— Sutopo Purwo Nugroho (@Sutopo_PN) October 29, 2018
Властите соопштија и дека се уште се обидуваат да ја најдат „црната кутија“, којашто во моментов не испраќа никакви сигнали.
Comments are closed for this post.