Со тесен резултат на референдумот, Швајцарците забранија прекривање лица во јавноста, а тоа вклучува и забрана за бурка или никаб што ги носат жените муслиманки.
Официјалните резултати покажуваат дека 51,2 проценти гласале за новото правило во неделата, наспроти 48,8 проценти од гласачите кои биле против.
Предлогот за референдумот беше изнесен од десничарската Народна партија на Швајцарија (СВП), чиј слоган на кампањата беше „Стоп за екстремизмот“.
Водечка исламска организација во Швајцарија вели дека ова е „мрачен ден“ за муслиманите. „Денешната одлука отвора стари рани, го зајакнува принципот на правна нееднаквост и испраќа јасна порака до исклучената муслиманска заедница“, соопштиле од Централниот муслимански совет .
Тие додаваат дека ќе побараат оваа одлука да биде разгледана на суд.
Резултатот не ги исполнил очекувањата на СВП, бидејќи тие се надевале на големо мнозинство, но доволно е забраната за покривање на лица во јавноста да биде вметната во швајцарскиот устав.
Швајцарската влада ја критикуваше забраната, велејќи дека не е на државата да регулира што ќе носат жените.
Според истражувањето на Универзитетот во Лукарн, скоро никој во Швајцарија не носи бурка, а само 30-тина жени носат никаб. Од 8,6 милиони луѓе кои живеат во Швајцарија, околу пет проценти се муслимани, главно од Турција, Босна и Косово.
Швајцарците одлучуваат за прашањата на државната организација преку систем на директна демократија – со гласање на редовни државни или регионални референдуми за различни прашања.
Ова не е првпат исламот да биде предмет на референдум во Швајцарија. Во 2009 година, граѓаните гласаа против советот на владата и забранија изградба на минариња – исто така на предлог на Швајцарската народна партија, за што минарињата се знак на исламизација.
Предлогот на референдумот во неделата не го споменува директно исламот никаде и се предлага да се спречат насилните демонстранти да носат маски на улиците. Сепак, референдумот стана познат како „забрана за бурка“.
Пред гласањето, Валтер Вобман, претседател на комитетот за референдум и пратеник на СВП, го опиша покривањето на муслиманите како „симбол на екстремен политички ислам, кој е се поизразен во Европа и нема место во Швајцарија“.
„Во Швајцарија е традиција да се покажува лице. Тоа е знак на основна слобода“, рече тој.
Амнести Интернешнл е против забраната, велејќи дека тоа е „опасна политика што ги крши правата на жените, слободата на изразување и слободата на вероисповед“.
Покривањето лица со исламска облека во јавноста е контроверзна тема во неколку други европски земји.
Франција забрани целосна јавна покриеност во 2011 година, додека Холандија, Данска, Австрија и Бугарија усвоија делумни или целосни забрани.
Comments are closed for this post.