Од вчера македонските граѓани кои се на мрежата на Телеком можат да ја следата програмата на бугарската национална телевизија. Станува збор за каналот БНТ 4 кој емитува воглавно вести и дебатни емисија.Промоцијата на бугарската телевизија се случи токму на националниот ден на Бугарија.
Вчера беше трети март денот кога е прогласена Санстефанска Бугарија во која спаѓала и територијата на денешна Македонија.
Но, иако специјалниот пратеник во спорот со Бугарија, Владо Бучковски најави дека договорот ќе биде двостран односно дека во двете земји ќе се гледаат националните сервиси тоа сепак не се случи.
Македонци во Бугарија за „Пресинг ТВ говорат дека на ниту еден кабелски оператор ја нема Македонската телевизија.
Тие велат дека се емитува само еден македонски музички канал но оти Македонската телевизија не се емитува никаде бидејќи од пред некое време е симната од сателит, а ја нема ниту на кабелските оператори во Бугарија.
Comments are closed for this post.