Два милиони вакцини за Македонија се видливи само за Заев и Филипче, ама не и за граѓаните, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче лаже, Заев лаже, веќе тоа на сите им е јасно.
Во другите земји има конкретни бројки на вакцини.
Србија два милиони, Црна Гора 37 илјади вакцини, Босна и Херцеговина 32 илјади вакцини, Албанија досега има набавено околу 33.000 вакцини.
Македонија ја нема на листите на кои се гледа која држава колку вакцини има, ја има во фуснота дека и дале донација.
Македонија ја има само на листите на починати од корона и тоа котира високо.
Во Македонија нема вакцини, ама ги има сите соеви на корона вирус.
Ова е недозволиво! За ова мора да се одговара!, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.