Советот на Народната банка донел одлука за издавање на банкноти од 100 денари и од 2.000 денари со изменети белези, односно со додавање на Северна во името на Народна банка кое стои на банкнотата. Овие две одлуки вчера беа објавени во Службен весник, пишува Фактор.мк
Oдлуки на Советот на НБМ објавени во Службен весник:
Врз основа на Законот за Народна банка, Советот на НБРСМ донесе одлука за издавање книжни пари во апоен од 100 денари со изменети белези… Книжните пари во апоен од 100 денари ги имаат основните белези опишани во Одлуката за издавање апоенска структура и основни белези на книжни пари…, со следниве измени: Во Одлуката за издавање апоенска структура и основни белези на книжни пари зборовите: „Народна банка на Република Македонија“, се заменуваат со зборовите: „Народна банка на Република Северна Македонија”. Оваа одлука стапува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник, односно 26 февруари, се вели во одлуката.
Втората одлука е за банкнотите од 2.000 денари.
Врз основа на Законот за Народна банка, Советот на НБРСМ донесе одлука за издавање книжни пари во апоен од 2.000 денари со изменети белези… Книжните пари во апоен од 2.000 денари ги имаат основните белези опишани во Одлуката за издавање и основни белези на книжните пари во апоени од 200 и 2000 денари, со следниве измени: Во Одлуката за издавања и основни белези на книжните пари во апоени од 200 и 2.000 денари, кратенката: “НБРМ” се заменува со кратенката: “НБРСМ”. Зборовите: “Република Македонија” се заменуваат со зборовите: “Република Северна Македонија”… Зборовите: “Народна банка на Република Македонија” се заменуваат со зборовите: “Народна банка на Република Северна Македонија“, се вели во одлуката.
Целиот текст овде.
Comments are closed for this post.