Портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ Наум Стоилковски на денешната прес – конференција на одговор на прашање кажа дека интерпелациите против Бојан Маричиќ и Љупчо Николовски се поднесени уште на 1 февруари и дека се уште не се ставени на дневен ред на собраниска седница. Стоилковски рече дека постојат отворени сомнежи за можност за изигрување на поднесените интерпелации како што впрочем се случило и во претходниот собраниски состав каде биле поднесени 8 интерпелации а на дневен ред биле ставени само 2.
– Апсолутно проверив пред оваа прес – конференција до каде се сите тие собраниски активности. Интерпелациите за министерот за корупција и министерот за неправда Бојан Маричиќ и Љупчо Николовски се поднесени на 1 Февруари пред точно еден месец а се уште не се ставени на дневен ред на собраниска седница. Отворено се сомневаме дека постои можност за изигрување на поднесените интерпелации исто како што се случи и во претходниот собраниски состав кога што беа поднесени 8 интерпелации а на дневен ред беа ставени само 2 појасна Стоилковски.
Дополнително Стоилковски истакна дека во оваа власт и да нема министер за кој што нема основа за поднесување на интерпелација и дека во едни нормални услови би требало многу полесно да поминуваат низ собраниските процедури.
– Јасно е дека суштината на вакво делување е дека сета власт се држи на еден тенок конец во собранието додека нема министер за кој што нема основа да се поднесе интерпелација која што во едни нормални услови би требало многу полесно да минуваат низ собраниските процедури тука знаете и самите колку интерпелации се поднесени еве и за Љупчо Николовски за Бојан Маричиќ поднесени се и други интерпелации како за Оливер Спасовски нели од другите пратенички групи во собранието или за Артан Груби или за Бујар Османи има основа за интерпелација можеби и за Венко Филипче за сите овие скандали со вакцините и со тендерите. Има основа и за Мила Царовска како министер за образование со еден тотален колапс во образованието и со он-лајн наставата и сега со учебниците и оваа скандалозна реформа во образованието. Се надевам дека ќе се исправат работите во собранието и дека нема да се продолжи со овој начин на криење на интерпелациите за да може да функционира власта полна со скандали при еден нефункционален парламент заврши Стоилковски.
Comments are closed for this post.