Режисерот Јован Ристовски  на социјалните мрежи реагираше за доделените сретства од Годишната програма на Министерството за култура.

Министерство за култура / Ministria e Kulturës

Ministry Of Culture MACEDONIA

и вашата стручна комисија кои се потпишуваат јавно за програмата за култура за 2021,

дали вие имате елементарни познавања од математика? За етика сум сигирен дека немате според вашите одлуки, особено зборувам за театарската уметност. Вие: Фирдаус Неби како претседател, Синоличка Трпкова и Сабина Мемиши кои сте официјално комисија можеби на драго срце сте го процениле мојот проект за ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕТСКА ПРЕТСТАВА НА ЗНАКОВЕН ЈАЗИК ЗА ГЛУВОНЕМИ ДЕЦА И ДЕЦА СО ОШТЕТЕН СЛУХ, што е огромна реткост и никогаш до сега не се случило на професионално ниво во нашата земја ваков тип на претстава, во која ќе можам на глувонемите деца да им обезбедам пред се за прв пат достоинствен чин и чувство на припадност за нивното постоење во овој свет и во ова општество, а потоа и да ги соединам со останатите деца кои ќе имаат прилика од мала возраст преку претставата да се запознаат со овај знаковен јазик и останатите деца кои кога ќе пораснат со цел да знаат дека глувонемите лица се луѓе со исти нормални човекови потреби за егзистенција . Едноставно инклузија во општеството, за која впрочем се бориме сите – веројатно сте процениле дека е одлична идеја и сте одлучиле да ми доделите финасиски средства во износ од 192.500 денари, тоа е 30% од побараната сума- само 30 %!!! / Јас навистина не знам што да направам со овај буџет со кој можам да платам само тутор за обука, тоалет папир, влажни марамици и средства за дезинфекција и евентуално материјал за костимографија, кој ќе морам на рака сам да го шијам. Се консултирав со економисти, продуценти, менаџери… едноставно, најстручно, овој буџет ни под разно не може да се изменаџира! Вие индиректно ме терате да ги деградирам професионалните актери и да ги платам за три месечен труд во тотал износ од 5000 денари до евентуално 10.000 денари ако играме на улица… Ова е срамота што го правите према нас како колеги. Ние не сме ни студенти, ни волонтери. Во оваа земја имаме волонтирано многу пати поради ваков тип на комисии – но разберете како што вас ве плаќаат за проценка и доделување на проекти така треба и нас / ние кои конкурираме. Драги колеги од комисијата вака не се гради ни култура, вака не се развива современата уметност за која се залагаме Ова е погубно, со години се воздржувам да коментирам јавно – ова ми е прв пат, бидејќи вашите одлуки за да ми доделите само 30 % од бараната сума е дилетантна одлука. Реално со тој буџет треба самите да сте свесни дека не е возможно да се реализира проектот ако сте го прочитале! Во ваквите ситуации секоја комисија не треба ни да ми додели и одобри проект, бидејќи нема средства… во таквата ситуација, ама апсолутно немаше ни јавно да се побунам од личен карактер према конкретниот проект, бидејќи едноставно снемало средстава или не стигаат средства за овој проект, и тоа е повеќе од политички коректно! Иначе, изнајмување на сала не знам дали сте чуле тоа се плаќа во секој центар за култура во оваа република… да не спомнувам за сценографот, костимографот, материјалите за изработка, сценската техника, техниката… јас не поседувам ни сцена, ни рефлектори ни кабли… Ако идејата беше да волнотирам со екипата и да го реализирам на улица немаше ни да барам подршка од вас. Длабоко во себе сите тројца знаете, како и останате колеги од министерство за култура, министерката и останатите стручни кадри кои верувам сте се умориле периодов, знам дека е напорно разгледување на апликации, дебатирање и давање одлуки зошто да и зошто не, итн, навистина верувам без разлика на вашата дилетантна математичко/економска одлука, сепак длабоко во себе знаете дека ова не е во ред. Можеби ве притиснале од врвот, од штабот… да не развивам не засновани конспирации зошто вака сте одлучиле, но навистина не е во ред и математички е невозможно со овие одобрени средства 192.500 за кој сеуште сум во бунило како сте дошле до идеја дека можам да го реализирам проектот со овие средства! Боже Господи, сеуште се чудам и се запрашувам што оценки имале овие луѓе по математика во основно и средно образование. Навистина… Но не битно моето чудење на вашата фрапантна одлука за буџетот. Оваа ситуација отвора ОГРОМНО ПРАШАЊЕ- ПОСТОИ ЛИ ТАМУ ЧОВЕК ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА ОД ОБЛАСТА НА ЕКОНОМИЈАТА, КАДРИ- ПРОДУЦЕНТИ ПО ПРОФЕСИЈА И МЕНАЏЕРИ ЗА КУЛТУРА КОИ НА ТРКАЛЕЗНАТА МАСА ЌЕ ИМ ДАДАТ МИСЛЕЊЕ, СОВЕТ И СТРУЧНА ПРОЦЕНКА НА СТРУЧНАТА УМЕТНИЧКА КОМИСИЈА ЗА БУЏЕТИТЕ И РЕАЛНАТА ПРОЦЕНКА ДАЛИ СО ТОЈ БУЏЕТ ШТО ГО ДОДЕЛУВАТЕ – НИЕ КОНКУРИРАНИТЕ ЌЕ МОЖЕМЕ ДА ГО РЕАЛИЗИРАМЕ!?

УМЕТНИЦИТЕ КАКО КОМИСИЈА НЕКОГАШ НЕМААТ АБЕР ЗА МАТЕМАТИКА, ЕКОНОМИЈА И РЕАЛНА ФИНАСИСКА ПРОЦЕНКА.

На здравје нека се вашите хонорари за ангажманот како стручна комисија. Се разбира дека ќе пратам жалба откако ќе го добијам решението за проектот и ќе го искористам правото да побарам второ степена комисија која се надевам ќе има познавање и од економија, математика освен талент за препознавање на уметнички идеи. Многу ми е жал што вашите имиња ги спомнувам, но ние припаѓаме на јавните професии, кои како и јас така и вие сме секогаш изложени на критика. Но наредниот пат… Ве замолувам, пред да предадете одлуките проверете и точно буџетот за да не случуваат вакви пропусти.

Да го славиме животот и слободата,

Јован Ристовски, театарски режисер

п.с сето ова горе напишаното се однесува и на другиот театарски проект во кој не сум носител на проектот, туку само како режисер – во кој колегите ме поканија да им режирам.

 

 

Министерство за култура / Ministria e Kulturës Ministry Of Culture MACEDONIA и вашата стручна комисија кои се…

Posted by Jovan Ristovski Jovica on Friday, February 26, 2021