Денеска почнува пописот на лицата кои се наоѓаат во странство. Попишувањето во странство ќе трае од 1 до 15 март, а исто така од денеска е овозможено и само попишување на македонските државјани кои престојуваат во странство поради работа или други лични причини подолго од 12 месеци.
Вицепремиерот Артан Груби на албански јазик вчера ја повика албанската дијаспора да се мобилизира во што поголем број и да се регистрира.
Од 1 март до 31 март, секој иселеник може да се регистрира на веб-страницата на статистичкиот субјект: https://census.stat.gov.mk/. Ве молам за максимална свест и мобилизација. Споделете и известете го семејството, напиша Груби на Фејсбук.
За разлика од албанската, македонската дијаспора во Австралија до денес нема никаква информација за попис.
Сакам да ја информирам јавноста и институциите на Северна дека во Австралија не стигнале никакви информации или помагала за попис. Ако се пратени веројатно се во фиоките на конзулатот и амбасадата-вели активистот Ицо Најдовски.
Comments are closed for this post.