СДСМ соопшти дека Зоран Заев е единствен кандидат за нов партиски претседател и дека над 80 000 членови со право на глас ќе може да гласаат на првите непосредни внатрепартиски избори на 21 март.
Централната изборна комисија вчера одржала седница на која биле потврдени и објавени кандидатурите за претседател на СДСМ, согласно со Правилникот за критириумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ.
Поради тоа што немаше други пријави, Централната изборна комисија донесе Одлука за прифаќање на пријавата за кандидатурата на Зоран Заев, ја утврди и ја објави единствената листа на кандидат за претседател на СДСМ, а тоа е Зоран Заев. Првите непосредни, внатрепартиски избори ќе се одржат на 21 март. Над 80 000 членови со право на глас ќе можат да гласаат за новиот претседател на СДСМ, се наведува во партиското соопштение.
Comments are closed for this post.