Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието на пратеничките прашања говореше за случајот со поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков.
Тој даде свое видување за текот на настаните кои се поврзани со Мијалков, обвинувајќи ги надлежните за неефикасноста.
Во сабота околу 12.30 на пладне, Русковска доби информација дека е можно бегство. После тоа следувало разговори Спасовски-Русковска, а полицијата дури во 22 часот вечерта го има решението. Цел ден го отепале, знаејќи што се подготвува. Со кого мислите дека си играте господине Спасовски? Дали дома ви веруваат?“, истакна Јанушев.
Игор Јанушев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на денешната собраниска седница го запраша Оливер Спасовски кога ќе понесе одговорност за циркусот кој го приреди неделава.
„И тоа циркус не од оние циркуси за без пари, туку го гледавме најскапиот циркус, токму за тоа што е смислен, организиран, координиран и реализиран токму од оваа мафија која што си има своја држава. И гледавме Спасовски, Маричиќ, Заев како велат дека системот е крив, дека имало слабост, сериозна слабост во системот. Да, точно, сериозно е тоа дека системот не функционира. И затоа ајде да видиме кои се оние главните механизми кои што го водат системот“, рече Јанушев.
Јанушев додаде дека токму Маричиќ, Спасовски и Заев го водат системот. И барем поради оваа случка, овој резил треба да си поднесат оставки.
„А, на крај од овој циркус да разбереме дека Заев преку закани на семејството на Мијалков го натерал да се врати од бегство. Овој модус операнти е познат само, и само исклучиво на мафијата. И на никој друг. Дали можеби овде ќе има одговорност? Па вака директно би го прашал министерот Спасовски, со кого мислите министре дека се поигрувате? Кого мислите дека правите будала? Нас, опозицијата? Македонскиот народ? Со кого мислите дека се играте“, запраша Јанушев.
Comments are closed for this post.