Ковакс системот на ООН конечно профункционира. Гана е првата земја која доби вакцини против Ковид-19 од програмата на Светската здравствена организација.
Пристигнувањето на 600.000 дози од вакцината на АстраЗенека во главниот град Акра, СЗО и УНИЦЕФ го оценија како монументално.
Програмата на СЗО која ветува рамноправна распределба на вакцините за посиромашните земји, со месеци е подложена на жестоки критики поради доцнењето и неможноста да ги обезбеди ветените дози.
Генералниот директор на СЗО за потфрлањето на Ковакс системот ги обвини богатите земји кои вакцините ги набавувале директно од производителите со што го ограничувале бројот на дози кои би му биле достапни на Ковакс.
Comments are closed for this post.