Монструмот Заев да се извини за лагите за “Монструм”. Заев со години ги лажеше родителите на убиените деца и нивните роднини дека има друга вистина за “Монструм” и дека други се убијците, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска судот ги потврди казните, а друга вистина не е утврдена. Заев лажеше и манипулираше со чувствата на роднините на убиените, но и на целата нација. Заев ја злоупотреби трагедијата на убиените за политичка корист и нижење на политички поени. Заев лажеше дека поседува докази, докази немаше. Заев лажеше и наведуваше цела јавност лаги и невистини, истакнуваат од опозициската партија.
Заев мора да сноси одговорност. Доколку има грам морал ќе си даде оставка веднаш, додаваат од таму.
Comments are closed for this post.