„Притворот ми е определен и минатиот пат кога се знаеше дека ќе се смени членот од обвинението, јас не сум бегал и нема да бегам. Го повикувам јавниот обвинител Љубомир Јовески, обвинителката Вилма Русковска да ме посети во затворот во Шуто Оризари да им предложам докази за нарачателите и организаторите на ова убиство, за помагачите на ова убиство, со прецизни докази. Во рок од 10 дена ако не ме повикаат, или ако не ме посетат, ќе ги дадам доказите на јавноста и на странските амбасади за да се утврди кој е извршител, нарачател и помагач“ изјави пред судот обвинетиот Фејзи Азири кој е прогласен за виновен за 2 кривични дела за помагање во извршување на кривично дело со единствена казна затвор од 15 години.