Турскиот претседател и лидер на АК Партијата, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека девизните резерви на Турската централна банка изнесуваат 95 милијарди долари и оти националната економија е добро поставена за конкурентски натпревар на светска сцена.
Тој денеска присуствуваше на редовниот седми конгрес на огранокот на АКП во Измир, а неговиот говор истовремено беше пренесуван и на конгресите на партијата во градот Невшехир и во градот Хакќари, јави агенцијата Анадолија.
Потсетувајќи дека кога партијата дошла на власт долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на земјата изнесувал 23,5 милијарди долари, Ердоган рече дека во мај 2013 година долгот е вратен целосно.
Кога стапивме на функција, Централната банка имаше 27,5 милијарди долари девизни резерви, сега имаме 95 милијарди долари девизни резерви, но ќе кажам уште една бројка. Кога бев премиер девизните резерви се искачија на 132 милијарди долари. Потоа имавме намалување. Што значи тоа? Тоа значи дека ние повторно ќе се искачиме на 132 милиони долари, ќе се искачиме и на 200. Затоа што ние си ја знаеме работата, подвлече турскиот претседател.
Comments are closed for this post.