Македонскиот премиер Зоран Заев ќе ја почитува регулативата на ЕУ за личните карти, иако за него е прифатливо во личните карти да стои графата за етничка припадност. Но, ако ЕУ има конкретна и прецизна директива по тоа прашање, тогаш, според премиерот, нема друга алтернатива освен полноправно членство во Унијата, пишува Дојче веле.
Ваквиот пресврт во однос на измените и дополнувањето на Законот за лични карти, следи по јасните пораки кои што минатата недела во неколку наврати ги испрати евроамбасадорот Дејвид Гир. Тој порача дека од август во ЕУ стапува во сила регулатива за заштита на лични податоци, со која се забранува споделување лични податоци, како расна, етничка, политичка и верска припадност. Тој додаде дека усогласувањето на законодавството на земјата со правилата и стандардите на ЕУ е важен процес и оти ЕУ отсекогаш ја охрабрувала Македонија да постигне напредок на ова поле.
Целиот текст на Дојче веле.
Comments are closed for this post.