Судијата Огнен Ставрев денеска ги изрече пресудите за случајот „Монструм“ во второто судење.

Обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ се прогласени за виновни за кривично дело „тероризам“ и се осудени се на казна доживотен затвор.

На Агим Исмаиловиќ ќе му биде пресметано во казната и времето поминато во притвор, односно затвор.

Хаки Азири е прогласен за виновен. За секое од кривичните дела е осуден на по 5 години казна затвор или единствена казна затвор од 9 години со пресметано време поминато во притвор или затвор.

Фејзи Азири прогласен за виновен за помагање. Осуден за две кривични дела со затворски казни од по 10 години или единствена казна затвор од 15 години со сметано време поминато во притвор и затвор.

Во недостиг на докази дека го извршил кривичното дело „тероризам” од обвинение е ослободен Сами Лута.

Во петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година убиени беа момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.