Оливер Спасовски да си даде оставка веднаш, повикуваат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека додека Спасовски ажурира членство по куќи Сашо Мијалков му побегна пред очи.
Иако институциите знаеле уште од саботата дека постои опасност да бега МВР 24 часа не преземале ништо и чекале да побегне. Според информациите кои излегоа во јавноста институциите знаеле уште во саботата во 16 часот дека постои опасност од бегство на Сашо Мијалков, но не преземале ништо. Чекаа да помине цел ден и Мијалков да избега. Доколку Спасовски знаел дека Мијалков ќе бега, зошто не ги преземал сите неопходни мерки против негово бегство?! Зошто дозволил Мијалков да побегне?!, прашуваат од партијата.
Со самиот факт што Спасовски знаел за бегството на Мијалков и не преземал ништо говори дека Спасовски свесно го пуштил Мијалков да избега.
Постои основан сомнеж дека има договор Заев – Спасовски – Мијалков за бегството на Мијалков и Спасовски мора веднаш да си даде оставка. Секој поминат ден на чело на МВР е штетен за државата. Оставка веднаш, бараат од ВМРО-ДПМНЕ
Comments are closed for this post.