Министерот за земјоделие Аријанит Хоџа, го прекрши Етичкиот кодекс за однесување на членовите на Владата и бараме одговорност, рече претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска на денешната седница на комисијата. Таа истакна дека министерот Хоџа постапил спротивно на законите и повика лицето во Владата што е надлежно за запазување на Кодексот да го санкционира министерот, пишува Слободен печат.