Заев: Доста беше дебатирање, дајте да седнеме и да го завршиме тој попис од 1 до 21 април

15.02.2021 / 13:38


Дебатата за пописот е завршена. Попис од 1 до 21 април ќе се спроведе во нашата земја. Ние сме една од ретките земји во светот, кои што 20 години немаат попис и треба да бидеме уште поодговорни час поскоро да го спроведеме пописот, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Во духот на инклузивноста и обидот за постигнување консензус, посочи Заев, сме имале разбирачка за сите предлози и се што може да биде прифатливо и разумно, но дебатата за пописот е завршена.

Какви и да беа коментарите за евентуално одложување или не, завршија. Дебатата во нашата земја од 2012 година наваму се води, откако не успеа пописот, а тоа се цели девет години како дебатираме за попис. И, доста беше дебатирање, дајте да седнеме и да го завршиме тој попис, затоа што, ниту ќе смени нешто политички во државата, ниту ќе скрати, ниту ќе дополни одредени предности, правила, привилегии или било што, рече Заев.

Пописот, нагласи тој, ќе даде статистички податоци како статистичка операција, кои што ни се толку многу важни за идното, секакво планирање во државата.

Методологијата веќе е објавена и одговорени се сите прашања. Обврска, на секој граѓанин е да се попише. Има сериозни санкции за одбивањето, за давање одговори, односно непопишување со самиот попис. Тоа е граѓанска обврска кон државата и верувам дека сите ќе ја исполниме, изјави Заев.

Уште еднаш, Заев ги повика сите чинители во општеството – политичките партии, граѓанските организации, коморите, синдикатите и граѓаните, сите сериозни да пристапиме кон оваа статистичка операција.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Mицкоски: Брисел ни вели-Вие си прифативте, некоја ваша влада ставила потпис на тоа

пред 11 часа
Македонија

Oсмани им го донел веќе изготвениот француски предлог на „Бихаќка“ да го ѕирнат (ВИДЕО)

пред 1 ден
Македонија

Mицкоски: И во животот и во политиката немате втора шанса за прв впечаток

пред 3 дена
Македонија

Интервју на премиерот Мицкоски во Њујорк

пред 3 дена
Македонија

Швајцарскиот селектор за тревата на „Градски“, Македонија за бодовите

пред 3 дена
Македонија

Николоски: Преку 250 милиони денари се инвестира во проекти во Радовиш

пред 3 дена
Македонија

Премиерот од ОН: Довербата не може бесконечно да биде еднострана обврска, правилата мора да важат за сите

пред 4 дена
Македонија

Мицкоски: Вештачката интелигенција веќе не е иднина, туку инфраструктура на сегашноста

пред 4 дена
Македонија

Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

пред 4 дена
Македонија

Премиерот Мицкоски се сретна со хрватскиот колега Пленковиќ

пред 6 дена
CasibompusulabetjojobetextrabetextrabetcasibomCasibomcasibomcasinoroyalMadridbetmadridbetjojobet girişjojobet girişjojobetholiganbetholiganbet girişcasibomjojobetbahsegelsekabetmarsbahisholiganbet