Спасовски и Маричиќ со самиот факт што немаат НАТО безбедносен сертификат го доведуваат во прашање кредибилитетот на државата. Спасовски и Маричиќ се луѓе без морал и одговорност, да не беа, ќе си дадеа оставки до сега. Со тоа што без НАТО сертификати држат позиции кои се од витално значење за државата е опасно.
Заев наместо да се слика по црвени теписи со една кутија вакцини треба веднаш да ги разреши Спасовски и Маричиќ, а не да го брука цел НАТО сојуз држејќи ги на позиции.
Не може луѓе на кои НАТО не им верува да држат високи позиции во Македонија, а притоа да се чукаме во гради дека сме за НАТО, тоа е лицемерие од Заев.
Наместо да бегаат и да се кријат, нека кажат дали е вистина дека едниот нема сертификат затоа што има контакт со странска служба, а другиот затоа што е вмешан во корупција?
До кога ликови со сомнителни контакти и минато ќе бидат на видни позиции во државата?
Заев ја врати државата 20 години назад. Потребна е одговорност веднаш. Оставки од Спасовски и Маричиќ.
Comments are closed for this post.