Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина соопшти дека се одлага посетата делегацијата на МНР од Македонија предводена од министерот Бујар Османи.

Посетата, која беше планирана за денеска, морало да биде одложена поради технички проблеми во врска со доаѓањето на делегацијата во Босна и Херцеговина.

За новиот термин на посетата медиумите благовремено ќе бидат известени, соопшти босанското МНР, јави Дневни аваз.

Османи денеска требаше да престојува во работна посета на Босна и Херцеговина, како дел од неговата турнеја на регионот.

Во рамките на посетата, како што соопшти МНР, освен со својот домаќин, заменик претседавачот на Советот на министри и министерка за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ, Османи требаше да биде примен во претседaтелството на Босна и Херцеговина, каде што ќе се сретнеше со членот на претседателството Шефик Џаферовиќ и со претседавачите на двата дома на парламентот на Босна и Херцеговина.

Посебен акцент на средбите беше процесот на интеграцијата во Европската Унија и европската перспектива на земјите од Западен Балкан, напредокот на тој план и очекувањата на двете земји во наредниот период.

Оваа седмица, Османи беше во дводневна посета на Луксембург и на Белгија, каде што оствари серија средби, во рамки на, како што соопштија од МНР, дипломатските активности за посета на европските главни градови, што првенствено има за цел да го презентирапрезентација на европското досие на Македонија. Во рамки на посетата на Брисел, тој се сретна и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, токму на годишнината од ратификација на Северноатлантскиот договор во Собранието на Македонија.